Дома Фудбал Останато Зошто Алексис Санчез морал да трча осум километри, од центарот на градот до својот дом…

Зошто Алексис Санчез морал да трча осум километри, од центарот на градот до својот дом…

sanchez

Aлексис Санчез во изминатиот месец ги полнеше насловните страни во Англија поради неговиот трансфер од Арсенал во Манчестер Јунајтед, а сега Англичаните успеале да пронајдат интересен детал од неговото минато.

Тие открија една комична сцена од почетокот на неговата европска фудбалска авантура додека настапувал за италијански Удинезе, сето тоа го раскажа италијнаскиот новинар Пиетро Олеото.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Во една прилика Алексис после тренингот го посети центарот на градот. Но случајно ги заклучи клучевите од автомобилот и неговиот телефон во автомобилот. Не знам што би направиле повеќето луѓе, но тој трчаше осум километри од центарот на градот до својот дом“, открива Олеото.

Секако дека тоа привлекло големо внимание од локалните жители.

„Жителите на местото зачудени го гледаа како трча во клупската тренерка и не повикаа нас, новинарите. Но тоа беше типично за Алексис, таквата ситуација да ја претвори во импровизирана трка“, додава италијанскиот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…