Дома Фудбал Златна топка нема, но затоа ФИФА не се откажува

Златна топка нема, но затоа ФИФА не се откажува

Пред неколку дена Франс Фудбал донесе одлука која може да се смета за преседан. Престижната Златна топка во 2020. година нема да се додели.

Од таму истакнаа дека годината која ја одбележи пандемијата со коронавирусот не може да се третира како регуларна.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Како друга причина е наведено дека има нерамноправност кај сите кандидати во борбата за оваа награда. Некои ја одиграа сезоната до крај, додека некои лиги беа прекинати.

Па така, за прв пат после 1956. година Златната топка нема да биде доделена, но ќе има друго признание.

Имено, ФИФА и покрај тоа што се случуваше и случува одлучи наградата „The Best“ да ја додели на најдобриот светски фудбалер.

Датумот на доделување се уште не е одреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Граѓаните бараат од Гвардиола да донесе одлука веднаш

Раководството на Манчестер Сити побара од менаџерот на Тимот, Пеп Гвардиола, да ги открие …