Дома Фудбал Зидан ќе го вади Реал од кризата со нова формација

Зидан ќе го вади Реал од кризата со нова формација

Формацијата на Зидан 4-2-3-1 доживеа бродолом во Париз, па во наредниот период нема да биде користена пренесува „АС“.

Мадриѓаните ќе играат со два офанзивини играчи, но не поради тоа што нападот е проблем, туку за да спречат проблеми во дефанзивата со оглед на тоа дека во досегашните пет натпревари примија дури девет голови. Најмногу проблеми има во средниот ред и нив ги предизвикаа Лука Модриќ и Иско, но и Федерико Валверде.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„АС“ пишува дека во овој момент Зидан размислува за формација 4-4-2 и 4-3-1-2, но тоа не значи дека во стартниот тим место ќе добие Лука Јовиќ, најистурен покрај Бензема би бил Еден Азар.

Промената на системот Зидан ќе се обиде да ја искористи веќе во недела на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“. Со новиот систем Зизу би се обидел да има посед во офанзивата, за да дојде во ситуација неговиот тим да се прашува на теренот. Французинот во текот на припремните, но и на почетокот на сезоната често преминуваше во формација 4-4-2, меѓутоа ниту таа формација не даде резултат.

Мадриѓаните така играа во пријателскиот натпревар против Рома. Тогаш тројката на средината ја сочинуваа Модриќ, Касемиро и Крос, пред нив беше Иско, а во нападот Бензема и Азар.

Гостувањето кај лидерот Севиља е од голема важност за Реал во овој момент и евентуален пораз може да создаде сериозни компликации на тимот на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…