Фудбалерите на Реал Мадрид загубија од Бетис (0:2) на „Сантиаго Бернабеу“ и со пораз ја завршија лошата сезона.
Иако натпреварот немаше резултатско значење, Зидан излезе со респектабилен тим. Во офанзива играа Иско, Асенсио и Лукас Васкез, а за Герет Бејл повторно немаше место во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По завршување на мечот Зинедин Зидан без влакна на јазикот призна дека Велашенцот повеќе не е потребен и дека Реал ќе направи се за да се ослободи од него ова лето.
„Не го сакаме Бејл повеќе во клубот. Ќе направиме се за тој да го напушти Реал ова лето“, изјави Зидан и ја шокираше фудбалската јавност.
Иако од поодамна беше јасно дека Французинот не го сака Бејл во тимот, сепак шпанските медиуми оваа изјава ја протолкуваа како некоректен потег на Зидан.
? BREAKING NEWS: Zidane has just confirmed on Spanish Live TV that he doesn't want Gareth Bale at the club. "We (Real Madrid) will try to do everything to get rid of Bale in the summer." pic.twitter.com/5aX15w3PX2
— 360Sources (@360Sources) May 19, 2019