Реал Мадрид не успеа да го одржи чекорот за шампионската титула во Примера и вчера тимот на Зидан одигра 1:1 против Реал Сосиедад.
„Кралевите“ беа блиску и да го изгубат натпреварот, ги спаси Винисиус со гол во финишот од натпреварот. Зидан на прес-конференцијата после натпреварот ја превзема вината за поразот поради промената на формацијата од 4-3-3 во 3-5-2, таа промена се случила токму во моментите кога го примиле голот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не бев задоволен од тоа каков пресинг игравме, направив тактичка промена во тие 10-15 минути, а потоа повторно го сменивме системот, се вративме на 4-3-3 и игравме подобро. Фудбалерите кои влегоа од клупата за резерви донесоа свежина. Да, ќе признаам мојата одлука веројатно беше причина да не победиме денес, јас сум виновникот“, изјави Зидан.
Реал сега е трет со 53 бодови колку што има и Барселона, Атлетико е прв со 58. Треба да се додаде и дека „јорганџиите“ имаат натпревар помалку.