Зинедин Зидан денес го шокираше фудбалскиот свет и ја напушти клупата на Реал Мадрид и тоа после третата последователна титула во Лигата на шампиони.
Само пет дена откако ја освои третата титула во низа шампион на Европа со Реал Мадрид, Зинедин Зидан изненадувачки го напушти Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот потоа ја образложи изненадната одлука и истакна дека како тој, така и играчите имале потреба од промена.
„Како што му кажав и на претседателот, ова може да биде и ситуација ‘ќе се видиме наскоро’, бидејќи Мадрид ми даде сè. Јас и понатаму ќе бидам близок до клубот, но оваа одлука е јасна, иако на многу луѓе може да им изгледа шокантно“.
„По три години ова е вистинската одлука, ова е моментот за промена и за мене и за играчите. Ако не можам да видам јасно како ќе продолжиме да победуваме и каков го сакам тимот, тогаш е време за промена. Јас освоив три титули во ЛШ едноподруго и сега, едноставно, чувствувам дека не знам како би победиле во следната сезона. А јас сум победник, таков бев и како играч, таков сум и сега. Штом гледам дека не знам како да победам тогаш не ја барам вината во друг, туку во мене и затоа заминувам“, истакна Зидан.
„Екипата ќе продолжи да победува и без мене, потребна беше промена, поинаков метод на работа. Секогаш ќе бидам благодарен на Реал Мадрид што ми ја даде оваа шанса“, додаде Французинот.
1 – Zinedine Zidane is the first manager to leave his club after winning the Champions League since Jupp Heynckes in 2013. Legend. pic.twitter.com/AKgUK04cuG
— OptaJean (@OptaJean) May 31, 2018