Дома Фудбал Зидан јасен: Јас сум тренер и ќе го правам она што мислам дека е потребно, ако не можам ќе заминам

Зидан јасен: Јас сум тренер и ќе го правам она што мислам дека е потребно, ако не можам ќе заминам

Реал Мадрид утре на „Сантијаго Бернабеу“ ќе го одигра последниот натпревар од оваа сезона во Ла Лига, а противник на „кралевите“ ќе им биде Бетис.

Тренерот Зинедин Зидан пред овој натпревар зборуваше за многу теми кои се актуелни во Мадрид во последно време.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една од темите е и голманот Кејлор Навас за кого се пишуваше дека ќе замине по завршувањето на актуелната сезона, Зидан денес потврди дека разговарал со него, но не сакаше да открива детали од тој разговор.

„Дали утрешниот натпревар е последен за Кејлор во дресот на Реал? Мислам дека не е. Сега не сакам да зборувам за идната сезона. Постојат многу гласини за тоа што ќе се случува. Јас разговарав со Кејлор, но освен јас и тој никој друг не знае што му кажав“.

„Ќе ми биде јасно кој ќе игра кога ќе почне следната сезона. Тоа е моја одлука. Што мислите, кој е задолжен за овој тим? Јасно е како ден: Јас сум тренер и секогаш ќе го правам она што јас мислам дека е најдобро, ако не ми е дозволено ќе заминам. Тоа е јасно“, изјави Зидан, па ја објасни неговата реченица:

„Кога се трансферите во прашање, тука се работи со договор на сите во клубот. Но, за она кој треба да игра, а кој ќе биде резерва се прашувам само јас“, порача Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…