Дома Трансфер зона Зидан „фрли око“ на бисерот на Рома: Во Рим пристигнува понуда која ќе биде тешко да се одбие!

Зидан „фрли око“ на бисерот на Рома: Во Рим пристигнува понуда која ќе биде тешко да се одбие!

zaniolo

Пред Реал Мадрид е многу работа во летниот преоен рок и јасно е дека „кралевите“ ќе мораат да направат многу промени во преодниот рок во играчкиот кадар.

Реал Мадрид игра катастрофална сезона, а ситуацијата кулминираше со испаѓањето од Лигата на шампионите. Претседателот на клубот Флорентино Перез тогаш одлучи да го врати Зинедин Зидан и сега на ред е голема реконструкција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јасно е дека многу играчи ќе сакаат да го напуштат Реал Мадри бидејќи сакаат да го подмладат тимот, а соработниците на Зидан добиле јасни задачи дека мораат да се обидат да ангажираат што подобро засилување.

Во шпанските медиуми неколку денови се шпекулира дека Реал Мадрид го сака младиот играч на Рома Никола Заниоло кој со своите настапи ја воодушеви фудбалската јавност оваа сезона.

Зидан и тоа како е заинтересиран за овој фудбалер и според информациите сака на лето да го види на „Сантијаго Бернабеу“. Реномираната „Марка“ пренесува дека „кралевите3 веќе спремиле понуда за него и дека таа наскоро ќе пристигне на адреса на Рома.

Се пишува дека Реал Мадрид испратил понуда од 60 милиони евра за играчот кој во Рома пристигна заедно со Раџа Наинголан. Рома сигурно ќе биде на искушение.

Исто така Занило претходно се поврзуваше со Јувентус, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. Меѓутоа ако и веруваме на „Марка“ Реал Мадрид го направил првиот конкретен чекор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…