Герет Бејл повеќе нема иднина во Реал Мадрид, па од клубот на секој начин се обидуваат да се ослободат од него.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Велшанецот не сака да се откаже од огромната плата од 17 милиони евра по сезона, и нема да замине од клубот доколку друг тим не му ја вети истата сума.
Бејл доби шанса на натпреварот против Арсенал и веднаш постигна погодок, а се верува дека Зидан ќе му даде шанса и на средбата против Атлетико Мадрид која ќе се игра утре.
„Тој е тука со нас и тренира. Ќе тренира и следниот тренинг, а утре имаме натпревар. Тоа е тоа, тој е со нас и засега ништо не е променето“, изјави Зидан.
Агентот на Велшанецот изјави дека играчот сигурно нема да оди на позајмица и ќе замине само доколку друг клуб ги задоволи неговите финансиски барања.