Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес одговораше на прашањата на новинарите пред утрешниот натпревар во Ла Лига против Гетафе.
„Кралевите“ полека влегуваат во финишот од за нив лошата сезона. Останаа без трофеј, Зидан е третиот тренер на клупата, а во текот на летото ќе мораат да направат големи промени во тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За трансфери на Зидан пари нема да му недостасуваат, а во текот на вчерашниот ден се појави и информација дека е спремен да го продаде голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа кој пред почетокот на оваа сезона дојде од Челзи за 35 милиони фунти.
Сепак, на Зидан омилен му е Кејлор Навас, но Французинот не сакаше да зборува кој ќе биде број еден следната сезона и дали некој ќе замине.
„Нема да ви кажам што би сакал. Не е време да се зборува за тоа. Куртоа е тука, како и Кејлор и тоа е тоа“, изјави Зидан, а потоа додаде дека наредната сезона целта ќе биде титулата во првенството.
„Ќе се обидеме да влеземе во наредната сезона што подобро. Ако во тоа не успееме, работите ќе се искомплицираат. Нашата прва цел е освојување на Ла Лига. Во Лигата на шампионите играте само 13 натпревари, а во првенството 38. Мора да и се даде признание на Барселона за она што го направи во претходните години, иако Реал се уште има повеќе титули“.
„Ние имаме 33 титули, колку има Барселона? За освојување на првенството морате да бидете фокусирани подолго време. Ќе повторам за мене наредната сезона, најважна е Ла Лига“, изјави Зидан.