Дома Фудбал Зидан: Реал е тим кој никогаш не се откажува!

Зидан: Реал е тим кој никогаш не се откажува!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше ремито со Валенсија и истакна дека неговиот тим никогаш не се откажува.

Бензема буквално во последната секунда постигна гол за 1:1 и тоа на асистенција на голманот Тибо Куртоа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Куртоа сам реши да се приклучи во нападот и тоа покажува дека сакавме да избегнеме пораз и дека никогаш не се откажуваме. Момците веруваа до последна секунда, Реал никогаш не се откажува“, истакна Зидан.

„Заслуживме реми. Бодот е мала награда, игравме добро во првото полувреме, тие без подобро во второто. Израмнивме, иако мислам дека заслуживме малку повеќе“, заклучи Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…