Реал Мадрид синоќа доживеа шокантна елиминација од Купот на кралот, откако на домашен терен загуби од Леганес 1:2.
Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан ја презеде одговорноста на себе и призна дека неговата позиција во Реал е сериозно загрозена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ги победивме во првиот натпревар, но денес одигравме многу лошо. Резултатот е фер затоа што не го постигнавме тоа што го сакавме. Ова е неуспех и ја превземам одговорноста. Не разбирам како се случи тоа, не можам да го објаснам. Победивме со 1:0 во првиот натпревар, а на крајот сепак испаднавме. Дали сум лут на играчите? Не, лут сум само на себе“, изјави Зидан.
Реал веќе испадна и од трката за титулата во Примера, а сега останува само борбата во ЛШ.
„Мораме да им се извиниме на навивачите и да се посветиме на ЛШ. Позицијата ми е загрозена и ако не го победиме ПСЖ тоа ќе биде голем удар и најверојатно ќе заминам од Реал“, додава Французинот.