Реал Мадрид втор пат оваа сезона беше поразен од Шахтјор во групата Б во Лигата на шампионите и сега им се заканува испаѓање уште во групната фаза што би било првпат во историјата на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По денешниот пораз на Реал се чекаше изјавата на Зинедин Зидан.
„Нема да отстапам. Поминавме и претходно тешки моменти, ги поминуваме и сега. Тоа сега е реалност, меѓутоа одиме понатаму. Знаевме дека мечот со Шахтјор е како финале и така се спремавме. Одигравме одлично прво полувреме, но не постигнавме гол. Остана еден натпревар до крајот и тој мораме да го добиеме“, изјави Зидан.