Дома Фудбал Зидан одговори на обвинувањата од Куман: Ми пречи тоа што го зборува

Зидан одговори на обвинувањата од Куман: Ми пречи тоа што го зборува

Стратегот на Барселона Роналд Куман неодамна ги обвини судиите дека го фаворизираат Реал Мадрид, а не се чекаше долго за реакција на неговиот колега од спротивната страна.

Куман ја критикуваше одлуката на судиите да не се досуди пенал на мечот Еибар – Реал Мадрид. Дуелот заврши 1:3, а спорната ситуација се случи на 1:2.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Не ми е јасен критериумот на ВАР. Да прашаме десет луѓе дали беше пенал сигурен сум дека девет ќе кажат дека беше. Сепак, судиите одлучија дека тоа не е пенал“, изјави Куман.

Сега стигна одговор од Зидан на ваквиот коментар.

„Не ми се допаѓа тоа што го зборува. Јас никогаш не се мешам во судиските одлуки, повеќе нема да коментирам за тоа што кажал Куман ќе се фокусирам на Гранада. Сите зборуваат кога ќе се случи нешто во наша корист, а никој не го прави тоа кога ќе се случи спротивното. Ние сме фокусирани на натпреварот кој е важен за нас“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…