Дома Фудбал Зидан: Не можам да го замислам Реал без Роналдо!

Зидан: Не можам да го замислам Реал без Роналдо!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не запира да ги заштитува своите фудбалери и покрај слабите резултати во последно време.

Зидан денес пред шпанските новинари, кои пишуваат дека Роналдо е на излезна врата на „Сантиаго Бернабеу“, изјави дека не може да го замисли „кралскиот“ клув без Португалецот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кристиано е во клубот во кој треба да биде. Сите во клубот и фановите го сакаат. Не можам да го замислам Реал без Роналдо. Тој секогаш ги пребродува тешките моменти, така ќе биде и овој пат“, изјави Зидан пред мечот со Леганес во Купот.

„Утре ќе се обидеме да не примиме гол, а истовремено да постигеме. Утрешниот натпревар не е финале, но со сигурност е од голема важност. Треба да продолжиме напред во ова натпреварување“, додаде францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …