Реал Мадрид мора да донесе нови засилувања во јануари, а тренерот Зинедин Зидан бара од претседателот Флорентино Перез неколку нови фудбалери, меѓу кои е Пол Погба.
Клубот би можеле да го напуштат Иско и Маријано Дијаз, но тоа нема да донесе доволно пари за „кралевите“ да можат да платат за Погба 180 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поточно, Перез сака да чува пари за напад на Килијан Мбапе наредното лето, но многу работи може да се променат во јануари.
Зидан како алтернатива го гледа Нголо Канте, кој сигурно ќе чини повеќе од 100 милиони евра, а следни на листата се Фабијан Руиз и Хари Кејн.
Дони Ван де Бек нема да го напушти Ајакс во јануари, а Кристијан Ериксен не е добро решение според Зидан.
Англиските медиуми го споменуваат и Џејдон Санчо, ако биде на продажба, па наводно Реал би платил повеќе од 100 милиони евра, но и тоа може да се случи следното лето.
Основен проблем е што Перез не го сака зимскиот преоден рок и смета дека вистинско време за доведување на големи ѕвезди е на лето.