Дома Фудбал Останато Зидан: Вие дојдовте да зборувате за мојот отказ, но мене ме интересира една работа

Зидан: Вие дојдовте да зборувате за мојот отказ, но мене ме интересира една работа

Во последно се повеќе се шпекулира за тоа дека Зинедин Зидан би можел да добие отказ на клупата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ пред неколку дена доживеаа убедлив проаз од ПСЖ во Лигата на шампионите со 3:0 после што се појавија информации дека Флорентино Перез размислува да направи промена на клупата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека постои шанса на клупата да се врати Жозе Мурињо, но Португалецот тоа го демантираше. Зидан на денешната прес конференција не сакаше да зборува за потенцијалниот отказ.

Реал Мадрид утре има тешко гостување кај Севиља, а пред овој натпревар, новинарите најмногу ги интересираше што мисли за можноста да добие отказ.

„Вие дојдовте тука да зборувате за можен отказ, но мене ме интересира само една работа и тоа е утрешниот натпревар. Не се замарам со она што се случува надвор од клубот. Не чека тежок натпревар, Севиља е опасен тим, но играчите се спремни да дадат максимум и да дојдат до победа“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видиќ или Ван Дајк? Џон Тери нема дилеми!

Од доаѓањето на Вирџил ван Дијк во Ливерпул се појавија бројни статистики и споредби со Не…