Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е спокоен пред големото дерби со Барселона кое се игра утре на „Камп Ноу“.
Зидан повика да се обрне внимание на фудбалот, а мерките за сигурност да им се остават на професионалците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Треба да ја насочиме нашата енегрија кон мечот и да мислиме на фудбал. Можеме цела недела да зборуваме за сигурноста, но реалноста е дека утре се игра фудбалски меч помеѓу Барселона и Реал Мадрид“, изјави Зидан.
Двата шпански гиганти во дуелот ќе влезат како лидери на табелата со ист број бодови, а Зидан знае дека најголемата опасност доаѓа од Лео Меси.
„Мора да дадеме се од себе, но на крајот тоа ќе биде само еден обичен фудбалски натпревар вреден три бода. Барселона го има Меси, но и ние си имаме свои адути. Ќе се игра 11 на 11. Знам дека моите фудбалери се спремни, едноставно се живее за вакви натпревари“, заклучи Зидан.
Зидан за Ел Класико нема да може да смета на Марсело, кој поради повреда не е повикан за дербито.
??Escucha la respuesta de Zidane a #RMTV antes de #ElClasico.#RMLiga | #HalaMadrid pic.twitter.com/2SW8VET3t2
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) December 17, 2019