Угледниот француски весник „Екип“ ексклузивно пренесува дека Нејмар не е среќен во Париз и ги открива причините зошто најскапиот фудбалер на светот размислува да го напушти ПСЖ.
Имено, на Бразилецот му смета квалитетот на француската лига и премногу дефанзивно ориентираните екипи, како и големиот број на физички дуели. Нејмар е уплашен дека поради острите стартови може да доживее тешка повреда која ќе влијае на неговата кариара.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наводно Нејмар веќе им се доверил на своите приајтелите дека во Шпанија се чувствувал подобро и дека Примера повеќе му одговара на неговиот стил на игра. Сака што е можно побрзо да се врати таму, а најголем кандидат за неговиот потпис е секако Реал Мадрид.
Neymar has already made his mind up about leaving PSG this summer and he’s willing to take a pay cut to join Real Madrid. (Source: L’Equipe) pic.twitter.com/4ueTkMBvxM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 24, 2018
За овој случај пишуваат и бразилските медиуми кои тврдат дека Нејмар и неговиот татко се незадоволни од притисокот кој Бразилецот го трпи откако пристигна во Париз.
Нејмар е константна мета на незадоволните навивачи и под постојан притисок на јавноста, а последниот инцидент со Кавани кај Бразилецот ја разбуди желбата сериозно да размисли за својата иднина.
Потсетуваме, Нејмар беше исвиркан од страна на навивачите на мечот против Дижон бидејќи не му дозволи на Кавани да го изведе пеналот.
Иако веќе на големо се шпекулира со негов трансфер во Реал Мадрид, „Екип“ пишува дека сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи не сака ни да помисли да се раздели со Бразилецот и е спремен да ја одбие секоја понуда која ќе пристигне за него.