Славниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез со овој клуб oствари бројни успеси низ годините.
Обожуван од навивачите на „кралскиот клуб“, а навивачите го сметаат за најдоминантиот претседател на еден клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Успеа да доведе голем број светски ѕвезди да потпишат за Реал Мадрид, а следен во таа низа би би требало да биде Килијан Мбапе. Но, звучи неверојатно податокот дека никогаш не успеал со Реал да биде шампион на Шпанија двапати во низа.
Перез беше на кормилото на Реал од 2000 до 2006 година и клубот за тоа време освои две шампионски круни. Тој ја напушти позицијата и тогаш гигантот Мадрид освои последователни трофеи во сезоната 2006/07 и 2007/08. Се врати во 2009 година и до ден денес под негово раководење „кралевите“ не успеаа да врзат две титули.
Но, со титулата освоена во саботата, Перез стана претседателот на Реал Мадрид со најмногу титули и така го надмина легендарниот Сантијаго Бернабеу.