Дома Трансфер зона Звучи изненадувачки: Мегваер може да се пресели во голем ривал на Јунајтед?

Звучи изненадувачки: Мегваер може да се пресели во голем ривал на Јунајтед?

Англискиот репрезентативец и дефанзивец на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе го напушти „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок, откако не се прослави во редовите на поранешниот шампион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мегваер пред три години потпиша за „ѓаволите“ од Лестер сити за 87 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и затоа навивачите му се лути и често бараа да си замине.

Англичанецот очигледно планира да им ја „исполни желбата“ и да замине од Манчестер, а како негова следна дестинација се споменува Тотенхем кој во моментов бара дефанзивец.

Антонио Конте нема ништо против Мегваер и би можел да плати околу 25 милиони евра за неговите услуги, а така „ѓаволите“ ќе ослободат голем дел од буџетот за плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…