Дома Трансфер зона За Реал не одигра ниту една минута, а во јануари се сели во Јувентус

За Реал не одигра ниту една минута, а во јануари се сели во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сака во јануари да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.

Алегри не е задоволен од настапите на Адриен Рабио и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели.

Себаљос ова лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но се уште нема одиграно ниту една минута, бидејќи се опоравува од повреда со која се здоби за време на Олимписките игри.

Јувентус покажува слаби резултати сезонава во Серија А и Алегри смета дека главниот проблем е во средниот ред, па сака да го донесе Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…