Колумбискиот фудбалер Хуан Квардадо ова лето многу веројатно ќе го напушти Јувентус.
Квардадо поради проблеми со повредите баш и не се наигра во Јувентус минатата сезона, а кога се опорави Алегри кој си замина не сметаше премногу на неговите услуги.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се случи промена на клупата, Маурицио Сари го наследи Алегри, но ситуацијата за Квардадо не е промената. Медиумите во Италија пишуваат дека и Сари не смета на Колумбиецот.
„Калчомеркато“ денес објави дека во Јувентус се одлучиле да го продадат Квардадо во овој преоден рок и за него ќе бараат сума помеѓу 20 и 25 милиони евра. Оваа сума и не е некоја преголема со оглед на тоа што се случува денес на трансфер пазарот.
Освен тоа за Колумбиецот има повеќе заинтересирани клубови.
Во последно време со името на Квардадо најмногу се поврзуваа Милан, Интер, Севиља и Валенсија. Наводно, во овој момент најблиску до неговиот потпис е Севиља.