Португалскиот тренер, Жозе Мурињо ова лето би можел да ги израдува навивачите на Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ во досегашниот дел од трансфер периодот ги ангажираа Бразилецот Фред за околу 60 милиони евра Деого Далот од Порто за 22 и Ли Грант од Стоук Сити за 1,7 милиони, но изгледа дека за нив трансфер периодот само што започна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат странските медиуми, Мурињо има четири желби – Роберт Левандовски, Тиего Алкантара, Тоби Алдервилд и Леонардо Бонучи.
Како што пренесува „Тhe Sun“, Јунајтед сега прво ќе сака да го доведе дуото на Баерн – Левандовски и Алкантара. Со нив двајца би требало да се решат проблемите во средниот ред и нападот, а Баерн наводно е подготвен да ги пушти за соодветна цена, иако „случајот Левандовски“ сигурно ќе биде покомплициран отколку што изгледа.
Од другата страна, Жозе го сака и Белгијанецот Алдервилд кој одигра одличен Мундијал, како и Бонучи кој наводно побарал трансфер од Милан. Во случајот со Италијанецот ќе мораат да бидат многу брзи, бидејќи за него се заинтересирани и клубовите како ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити.
Доколку пристигнат барем двајца од овие четири желби, навивачите сигурно би биле пресреќни.