28 годишниот Полјак, Мајкал Лениц го сруши Гинисовиот рекорд со тоа што ја игра 221 сезона на легендарната Фудбал Менаџер.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Лениц во сите сезони во 2016 го водел совјот омилен клуб Лех од Познан. Изиграл 17.765 натпревари, а добил 14.381, ремизирал 1664, а изгубил само 1720 натпревари. За тоа време водел и 35 различни репрезентации, а со Лех само два пати испаднал од лигата.
Со полскиот клуб освои 44 титули во лигата на шампиони и 42 клупски светски првенства, а во играта има вкупно 258 години.
„Тајната е во развојот на млади играчи, баш како што мојот Лех прави во реалниот живот. Најголем успех ми е тоа што 11 играчи од мојата младинска школа во еден момент беа во почетните состави и најдобри момци на светот“.
Лениц за 221 сезона во виртуелната игра, потрошил две години во својот живот.