Дома Топ вести За Барса беше промашување, сега гигантите се „тепаат“ за него

За Барса беше промашување, сега гигантите се „тепаат“ за него

Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул покажуваат силен интерес за дефанзивецот на Ница, Жан Клер Тобидо.

Скаути на трите клубови ги следеа настапите наТобидо оваа сезона и се заинтересирани да го доведат во своите редови ова лето.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


23-годишниот Тобидо во 2019 година се пресели во Барселона како слободен играч, но никогаш не доби шанса на „Камп Ноу“ и беше испраќан на позајмици.

Во 2021 година Ница го откупи неговиот договор, а тој игра одлично во Франција и го привлече вниманието на многу европски клубови.

Ница за неговата слобода бара 45 милиони евра, сума која споменатите клубови се спреми да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…