Дома Трансфер зона Започнува трката за бекот на Наполи, во игра ТРИ европски гиганти!

Започнува трката за бекот на Наполи, во игра ТРИ европски гиганти!

Започнува трката за одличниот фудбалер на Наполи.

Фази Гулам веќе некое време важи за еден од најдобрите бекови во италијанската Серија А, а неговите добри настапи ги забележаа и клубовите од Шпанија и Италија.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Па така покрај Јувентус кој покажа огромен интерес за овој фудбалер, тука се уште Ливерпул и Атлетико Мадрид, клубови кои ќе се обидат да го доведат Гулам веќе во јануари.

Бекот на Наполи, наскоро би требало да стави поптис на нов договор со клубот од Неапол, иако пред неколку месеци се пишуваше дека нема да ја продолжи соработката.

Гулам и неговиот агент Жорж Мендеш веќе се договорија со управата на клубот од „Сан Паоло“ во врска со примањата. Алжирецот ќе заработува три милиони евра годишно, но јасно е дека Гулам наскоро би можел да го напушти клубот, а се очекува во неговиот договор да биде вметната и откупна клазула и наводно таа би требало да изнесува помеѓу 30 и 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал сепак ќе му плати на Ливерпул за Трент

Сега е јасно дека Трент Александер-Арнолд од лето ќе биде играч на Реал Мадрид. Десниот бе…