Дома Фудбал Останато Запознајте го најнискиот фудбалер во светот – има кариера долга 16 години (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте го најнискиот фудбалер во светот – има кариера долга 16 години (ФОТО+ВИДЕО)

Иако во професионалниот фудбалер веројатно повеќе се ценат високите и силни играчи, во најважната споредна работа во светот висината никогаш не била препрека.

Елтон Хозе Хавиер Гомез (или поедноставно Елтон) можеби не е еден од најдобрите во историјата, но затоа е најнискиот фудбалер во овој момент. Бразилецот е висок само 154 сантиметри, но тоа не му беше проблем да направи професионална кариера која трае веќе 16 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Брзоногиот креативец израсна во Коринтијас во својот роден Бразил, таму ја делеше соблекувалната и со Карлос Тевез и Жо кои подоцна направија солидни кариери. Започна Елтон во Коринтијас уште како тинејџер, а недостатокот на висина го надополнуваше со талент. Така дојде до првиот тим, во 2005 ја освои и титулата во Бразил.

Иако многу понизок од Марадона (12-13 сантиметри) Елтон за брзо време го доби прекарот „Елтон Марадонињо“. Прекарот не го доби само поради висината туку и поради вештите дриблинзи.

„Бев среќен поради тој прекар, не ми создаваше притисок на никаков начин“, изјави Елтон за „УОЛ Еспорте“.

На 21 година го направи неговиот прв интернационален трансфер. За прв пат заигра во Европа за романска Стеауа. Таму не се задржа долго, но остави трага. Внимавајте на ова: Иако одигра само осум натпревари во дресот на романскиот тим навивачите го избраа во тимот на деценијата во анкетата направена во 2009 година.

По Стеауа се пресели на Блискиот Исток каде што го помина и најдобриот дел од кариерата и остави најголема трага.

Во 2007 година потпиша за Ал-Наср (Саудиска Арабија) и набрзо стана предмет на обожување помеѓу навивачите поради своите дриблинзи, трикови и фантастичната левица. Тогаш многумина започнаа да доаѓаат на натпреварите со перики во чест на различните фризури кои ги имаше Елтон во натпреварите.

Кратко Елтон се врати и во Бразил, имаше епизода во Дубаи, за во 2011 година да се врати во Саудиска Арабија. Потпиша за Ал-Фатех и таму го одигра најдобриот период од кариерата.

Обожаван од навивачите „Елтон Марадонињо“ стана „Елтон Арабија“. Недопирлив на теренот, постигна 48 голови на 121 натпревар за Ал-Фетех и го подигна трофејот во домашното првенство.

Сепак и неговата слава во Саудиска Арабија не му помогна кога имаше проблеми со законот. Тој се фотографираше со навивачките/обожавателките.

„Се сликав со жени. Носеа црна облека, беа заштитени, но полицијата дојде и ме уапси. Ме одведоа во полициска станица и морав да го барам газдата на клубот…Во тој момент се преплашив, но многу научив за културата во државата“, изјави во една прилика Елтон.

Ал-Фетех го Елтон го напушти во 2016 година, се проба во Катар, повторно се врати во Бразил, а потоа одново патот го однесе за Саудиска Арабија. Денес на 34 години Елтон го носи дресот на Ал Вахад. За овој тим потпиша во јануари и до прекинот на првенството собра седум настапи во саудискиот шампионат и успеа да запише три асистенции.

„Во Арабија сум веќе девет години и имам само пофални зборови. Животот е мирен, немам поради што да жалам. Арапите навистина ме сакаат“, изјави Елтон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

И донесе финале на Борусија во ЛШ, но тоа може да не биде доволно да остане?!

Един Терзиќ направи голем успех со пласманот на Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на…