Дома Фудбал Останато Занети се огласи враќањето на Икарди и индината на Лаутаро

Занети се огласи враќањето на Икарди и индината на Лаутаро

Потпретседателот на Интер Хавиер Занети смета дека Мауро Икарди нема да се врати во миланскиот клуб, а додаде и дека Лаутаро Мартинез сигурно ќе остане на „Џузепе Меаца“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Икарди во овој момент е на позајмица во ПСЖ, а францускиот клуб има опција да го откупи од Интер за 70 милиони евра. Сепак, во последно време се пишува дека Аргентинецот може да се врати во Италија и тоа во Јувентус или Наполи.

„Во овој момент не разговараме за преодниот рок. Најважно е здравјето. Сепак, можам да ви кажам дека не знам дали Икарди ќе се врати, мислам дека не“, изјави Занети.

Низ медиумите во последните денови се шпекулира и за Лаутаро Мартинез дека би можел да оди во Барселона.

„Тој е среќен во Интер, се идентификува во клубот. Ние веруваме во него, тој е иднината на Интер“, порача Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …