Дома Трансфер зона Занети ги израдува „нероаѕурите’: Икарди ќе потпише нов договор – откри и кога!

Занети ги израдува „нероаѕурите’: Икарди ќе потпише нов договор – откри и кога!

icardi

Oткако Кристиано Роналдо го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувнетус во таборот на „кралевите“ започнаа потрага по негова замена.

Секако тешко е да се најде замена за фудбалер каков што е Роналдо и сигурно дека не постојат многу фудбалери кои би биле адекватна замена.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Една од метите на Реал Мадрид беше голгетерот на Интер, Мауро Икарди, но изгледа дека Аргентинецот е невозможна мисија за Перез, барем за ова лето.

Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети во денешната изјава за италијанските медиуми потврди дека нема ни најмали шанси Икарди да го напушти клубот ова лето.

„Мауро останува Интер и тоа можам со сигурност да ви го кажам. Многу е среќен во овој клуб и тоа го знам. Кога ќе заврши овој преоден рок ќе го продолжи договорот со нас, веќе имаме некој договор. Тој е капитен веќе неколку години и така се однесува. Интер му е на прво место и поради тоа мораат сите го почитуваат“, изјави Занети.

Икарди во изминатата сезона беше најдобар стрелец во италијанската Серија А, но и покрај тоа не доби повик од селекторот Сампаоли за Мундијалот во Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…