Дома Фудбал Англија Закажано судењето за Манчестер Сити: Ќе бидат ли исфрлени „граѓаните“ од Премиер лигата?

Закажано судењето за Манчестер Сити: Ќе бидат ли исфрлени „граѓаните“ од Премиер лигата?

Maнчестер Сити е во големи проблеми и ќе одговара на суд за грубо прекршување на финансискиот фер-плеј.

Судењето за Манчестер Сити или како што уште беше наречено „судењето на векот“ ќе се одржи есента 2024 година. Манчестер Сити се соочува со дури 115 поединечни прекршувања на финансиските правила со кои се регулираат спортските одлуки на клубовите од Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста, посебно по казната која ја доби Евертон се пишуваше за остри санкции, па дури и исфрлање од лигата на актуелниот англиски шампион.

Истрагата за работите во клубот се одвиваше пет години и во неа се вели дека се собрани многу докази и дека предметот ќе стигне до судот. Се најавуваше дека може да биде порано судењето, меѓутоа се одложи поради големиот број сведоци кои се вклучија да учествуваат.

Пресудата, доколку нема последователно одлагање, може да се очекува во текот на 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пресврт: Тухел останува во Баерн и става потпис на нов договор

Раоводството на Баерн Минхен пред два месеци донесе одлука да се раздели со Томас Тухел на…