Се погласни се шпекулациите дека Златан Ибрахимовиќ во зимскиот преоден рок ќе се врати во редовите на Милан.
Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите се во тек и дека следната недела неговиот менаџер Мино Раиола треба да пристигне во Милано на состанок со „росонерите“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На состанокот треба да бидат договорени последните детали околу трансферот на Ибрахимовиќ, како и за новиот договор на Бонавентура.
Милан е спремен да му понуди на Ибра договор на 6 месеци и автоматски продолжување на уште една година доколку тимот избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона.