Дејвид Иботсон, пилотот на авионот со кој се превезуваше Емилијано Сала и кој падна во Ла Манш, немал лиценца да превезува патници, се вели во официјалниот извештај на Британската организација за воздушни несреќи.
Во извештаите за смртта на Емилијано Сала, пронајден е голем пропуст кај пилотот и авионот, кои, ја немале потребната дозвола за комерцијални летови, пренесува „Скај Спорт“.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Иботсон, самоиницијативно и на сопствена одговорност го управувал авионот без комплетна документација. Toj исто така немал дозвола за ноќно летање со авион бидејќи не ги разликувал боите.
Според истрагата, Иботсон изгубил контрола над авионот, откако се обидел да избега од мрачниот облак, и најверојатно во тој момент во авионот влегла голема количина јаглерод моноксид.
Се верува дека заради ова, Сала веднаш паднал во несвест и во последните моменти не бил свесен за тоа што се случува, додека Иботсон бил свесен и се обидел да го крене авионот,
Телото на Сала и делови од авионот беа пронајдени две недели после несреќата со помош на роботи на дното од Ла Манш. Телото на Иботсон не го најдоа службите и после месец дена заврши потрагата.