Синоќа во Париз во натпреварот помеѓу ПСЖ и Стразбур го видовме едно од најголемите промашувања во историјата на фудбалот!
Денес напаѓачот на „светците“ Чупо-Мотинг е главна тема во сите спортски медиуми, бидејќи неговото промашување е за рубриката „верувале или не“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Чупо-Мотинг со својот ужасен обид да постигне гол дури и го спаси голот на противникот затоа што ја спречи топката да не влезе во мрежата од гол линијата.
Wtf is Chupo-Moting doing here ??? pic.twitter.com/lGbdJINBFh
— Kev (@Kevslfc) April 7, 2019
Меѓутоа, тој не е единствен на кого тоа му успеало. Автор на исто вакво промашување уште во 2010 година беше напаѓачот на Динамо Загреб Илија Сивоњиќ.
Тој исто така наместо да постигне гол ја спречи топката да ја помине гол линијата…Погледнете!