Дома Останати Кошарка Забава за паметење па дебакл: Словенците пиеле до пет часот наутро пред мечот со Полска

Забава за паметење па дебакл: Словенците пиеле до пет часот наутро пред мечот со Полска

Репрезентацијата на Словенија важеше за еден од првите фаворити за освојување на Евробаскетот, но мораа предвреме да го напуштат турнирот откако беа елиминирани од Полска во четвртфиналето.

Сега порталот „bhbasket.ba“ објави веројатно една од причините за поразот, можеби и главната. Наводно кошаркарите на Словенија се забавувале и пиеле до пет часот наутро, според нивните информации забавата била за паметење за потоа да следи дебаклот против Полска.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Мамурни од пиење и јадење во изминатата ноќ Словенците излегоа на терен да се соочат со мотивираната Послка. Нивните слабости ги истураа на судиите, лидерот на тимот Лука Дончиќ беснееше по мечот.

Неговиот бес очигледно не бил без причината затоа што добро знаеше што се случуваше на само 15 часа пред толку важен натпреварот. Успеаа вешто да го прикријат тоа, но не можеа долго“, стои во објавениот текст.

Вакви слични информации за Словенците имаше и пред натпреварот со Германија кој го одиграа во подготовките за Евробаскетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Снимка од апсењето на шампионот на НБА: Вие сте измамници, не смеете да се мешате со мене (Видео)

Поранешниот НБА играч Тони Ален, некогашен шампион со Бостон Селтикс, е уапсен неодамна во…