Скандалот со сексуална злоупотреба на деца во англискиот фудбал продолжува да го прогонува Манчестер Сити. Осуммина мажи кои биле малтретирани од поранешниот тренер на клубот, Бери Бенел, ќе ги тужат „граѓаните“ за обештетување.
Тие тврдат дека претрпеле бројни психолошки трауми како резултат на постапките на Бенел. Седуммина од нив, исто така, бараат компензација затоа што не им се дало можност да се развиваат во фудбалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бенел во моментот издржува казна од 31 година за насилство врз 12 деца на возраст меѓу 8 и 15 години, во случаи регистрирани од 1979 до 1991 година.
Тужителите тврдат дека Сити е виновен, иако Бенел немал договор со тимот и заминува во средината на осумдесеттите. Двајца од мажите ќе поднесат тужба и против Кру Александриа, каде Англичанецот беше тренер во училиштето на тимот по престојот во Манчестер.
И двата тима негираат одговорност. Претстојните барања ќе бидат разгледани, а процесот ќе започне во октомври 2021 година.