Францускиот фудбалер, Оливие Жиру вечерва прослави голем јубилеј.
Тој во дуелот против Бате Борисов во рамки на второто коло од ЛЕ, постигна еден погодок и тоа од белата точка, па на тој начин стигна до бројката 100 во дресот на лондонскиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако често беше оспоруван па дури и од навивачите на „Топчиите“, Жиру од сезона во сезона постигна многу важни погодоци и вечерва влезе во клубот 100.
До оваа бројка доста за нешто повеќе од пет сезони, а член на Арсенал стана во 2012. година кога пристигна од Монпеље.
Што се однесува до погодоците на Жиру, 59 од нив се постигнати со лева нога, 10 ги додаде со 10, а со глава погоди 31 пат.
Интересно, само четири гола постигна надвор од казнениот простор, 96 внатре, од кои 6 од пенали.
Ова е навистина импресивна статистика за Французинот. Инаку за потсетување, најдобар стрелец во историјата на Арсенал е Тиери Анри со 228 погодоци.