Францускиот напаѓач, Оливие Жиру поради повреда ќе мора да паузира одреден временски период.
Жиру заработи повреда на градниот кош, а таа повреда ќе го оддалечи од терените следните шест месеци, пишува „L`equipe“. Ова е лоша вест за франускиот напаѓач кој е во сенка на Лаказет оваа сезона, па наводно е подгтовен во јануари да си замине од Арсенал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За Жиру од претходно се интересираше Евертон, па наскоро би можело повторно да оживее таа приказна.
Жиру во Арсенал пристигна од Монпелје пред пет години, а во дресот на Арсенал одигра преку 150 натпревари и постигна 65 гола.