Дома Фудбал Жиру: Го одбив Тотенхем, пресреќен сум во Милан

Жиру: Го одбив Тотенхем, пресреќен сум во Милан

Оливие Жиру призна дека го одбил Тотенхем поради неговото минато во дресот на Арсенал.

Во јануари 2020 година Жиру не сакаше да остане во Челзи и силен интерес за него покажуваше Тотенхем, но Французинот ги одбил „спарси“ и ова лето се пресели во Милан.

„Мурињо покажа сериозен интерес да ме донесе во Тотенхем, но работите беа комплицирани поради битката за Топ 4. Притоа како поранешен фудбалер на Арсенал не сакав да се преселам во Тотенхем“, изјави Жиру.

„Сега сум пресреќен во Милан, го направив вистинскиот избор и сакам овде да ја завршам кариерата“, додаде напаѓачот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грималдо и Симеоне го решија Леванте: Атлетико до деветтата победа

Атлетико Мадрид славеше со 2-0 на гостувањето кај Леванте и стигна до 28 бода од 11 натпре…