Дома Фудбал Репрезентации Животот на единствениот човек за кој Роналдо јавно кажа дека подобар од него…

Животот на единствениот човек за кој Роналдо јавно кажа дека подобар од него…

Поранешниот суперталентиран португалски фудбалер кој го допре дното имаше своја исповед за неговите случувања во минатото.

Велат дека животот пишува романо, а од животот на Португалецот Фабио Паим слободно може да се направи филм. Пред све поради фактот што за него се сметало дека е подобар од Кристијано Роналдо.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Паим е единствениот играч за кој Роналдо своевремено изјави дека е подобар од него, но настапите и дел од кариерата на Роналдо, Паим ја следеше од затвор.

Заедно со Роналдо Паим во минатото јадеше остатоци од хамбургери од Мекдоналдсот во местото на кое живееле. Кариерата на Паим сепак тргна во надолна линија поради неговата желба за слава, пари, жени, журки…

„Ако мислите дека јас сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим“, изјави Роналдо во 2000 година кога потпиша за Манчестер Јунајтед.

Но тие зборови на Роналдо никогаш не се остварија бидејќи Паим не стигна до големата фудбалска сцена. Во овој момент тој живее во Португалија и ја сподели својата тажна животна приказна.

„Бев навистина посебен. Морам да бидам скромен, но тоа е вистината. Тогаш за жал не постоеа Инстаграм и Фејсбук за нешто да снимам и сите да ме видат, но цврсто и искрено верувам дека до денес не се појавил некој со ист квалитет како мене.

Кристијано стигна до нивото до кое заслужува. Но ако јас го имав истиот труд и посветеност ќе бев подобар од него. Ако зборуваме за техниката, бев подобар. Бев малиот Роналдињо. Но, како што гледаме, не е техниката таа што не води до суепх. Но, да во тоа време бев подобар од Кристијано. Верувам дека би требало да ми даде една од неговите Златни топки“, изјави Паим за британски „Сан“.

Паим во 2008 година како младински репрезентативец дојде на позајмица во Челзи. Заработуваше скоро 50.000 фунти месечено од Челзи, плус уште 130.000 од Спортинг.

Призна дека бил „преплавен“ со пари и слава, а тоа го користел да се забавува со луди автомобили, жени, алкохол и журки. Никогаш правилно не ги користеше заработените пари.

„За моја несреќа, роден сум со талент. Заработував многу пари и стекнав илузија дека не ми е потребен труд. Невозможно е човек како мене да биде милионер. Жалам поради некои свои избори. Сега сам во други години и ја гледам сликатап оинаку. Талентот беше тука, но мојот ум не. Главата ми беше само кон жени и журки“.

Во 2019 година беше уапсен поради поседување пет грама кокаин. Поради тоа една година помина во затворот кој се наоѓа во близина на тренинг кампот на репрезентацијата на Португалија.

„Затворот во кој бев беше покрај теренот на кој игра репрезентацијата на Португалија, па така секојдневно ги гледав како тренираат за квалификациите за Европското првенство 2020. Бев таму со причина и никогаш не помислив: Ах, Кристијано е таму, требаше и јас да сум…Затворот беше навистина тежок за мене, но во исто време и добар за да научам некои работи на потешкиот начин“, заврши Паим.

По излегувањето од затвор продолжи да игра фудбал и кариерата ја заврши во третата лига во Полска. Претходно играше во Кина, Ангола, Литванија, Катар, Малта и Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Објавен списокот: Англија без Рашфорд, Стерлинг и Санчо на ЕП

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт  го објави поширокиот состав од 33 играчи за претсто…