Шпанскиот фудбалер, Санти Казорла не игра за Арсенал повеќе од една година.
Казорла има големи проблеми со повредите и под знак прашалник беше дали ќе ја продолжи кариерата. Сепак, одлучи да ги притисне забите и да не се предаде, па се уште се бори со повредата.
Целата ситуација би можела да заврши фатално за Казорла, бидејќи за малку ќе останел без една нога. Имено, по осмата операција на неговата нога, Казорла добил инфекција поради која лесно би можело докторите на крајот да му ја пресечат ногата.
За среќа, се позитивно завршило и Казорла во родната Шпанија се подготвува за враќање на теренот. Овој фудбалер во Арсенал пристигна летото 2012. година од Малага, а неговиот договор со „Топчиите“ му истекува на лето следната година.