Дома Македонски спорт Мак ракомет Е.Пелистер лесно со 13 гола разлика го победи Металург во Автокоманда

Е.Пелистер лесно со 13 гола разлика го победи Металург во Автокоманда

Еурофарм Пелистер продолжува со победите во Суперлигата и после поразот од Вардар во Скопје го запиша петтиот триумф во низа.

Вечерва тимот на Жељко Бабиќ покажа квалитет и во Автокоманда го совлада Металург со 13 разлика 25.38. Уште од самиот старт стана јасно во која насока ќе оди во овој натпревар, иако стартуваа со комбиниран состав после петнаесетина минути беше јасно каде ќе одат бодовите. На полувреме заминаа со 10 гола разлика 11:21.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ништо не се промени и во второто полувреме. Во првите 15 минути од вториот дел Металург постигна само четири гола, па во тој период разликата на Битолчани отиде и до плус 16. До крајот Металург успеа да се избори само за пораз со три гола помалку од 25:38.

Маркоски, Маџовски и Божиќ – Павлетиќ кај Е.Пелистер постигнаа по пет гола. Кај Металург Турчинот Озтурк постигна девет гола.

Фото: РК Е.Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…