Дома Фудбал Останато Ериксен откри што помислил кога го вратиле во живот по срцевиот удар

Ериксен откри што помислил кога го вратиле во живот по срцевиот удар

Кристиан Ериксен се сеќава на се што се случи на 12 јуни минатата година, освен на оние пет минути „во кои го напушти овој свет додека лекарите се бореа да му го вратат пулсот“, призна во интервју за Би-Би-Си.

Данска играше против Финска на Еуро 2020, кога Ериксен се онесвести, а осум месеци поп срцевиот удар тој стави потпис на договор со премиерлигашот Брентфорд.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Тогаш првпат дознав дека ме немало пет минути. Се сеќавам на се освен тие пет минути. Но паметам дека топката влегуваше од страна на теренот и ме удри во колено, но потоа на ништо не можам да се сетам“.

„Се разбудив со луѓе околу мене и почуствував притисок во градите. Се обидов да дишам и не знаев што се случува. Помислив дека нешто ми се случило со ногата или го повредив грбот, но во возилото на Брзата помош дознав дека пет минути сум бил во несвест“, вели Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На „Делије“ им беше забранет пристап на Сан Сиро. Погледнете ги обезбедувачите кога пееја Србите

Италијанската полиција и градските власти на Милано пред две недели им забранија на навива…