Дома Останати Авто Мото Епилог од лажното интервју со Шумахер: Уредничката си ја доби казната!

Епилог од лажното интервју со Шумахер: Уредничката си ја доби казната!

Пред неколку дена бурни реакции во јавноста предизвика објавеното лажно интервју на Михаел Шумахер.

Новинарите на неделникот „Дие Актуеле“ со помош на вештачката интелегенција „ЧатГП“ „направија“ интервју со славниот возач. Сепак, тоа никаде на насловната страна во најавата не беше најавено и јавноста помисли дека конечно некој успеал да дојде до информации за неговата состојба.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Семејството на Шумахер беше шокирано и најави тужба. Сега стигна и епилог за ваквиот непромислен потег, уредничката Ана Хофман поради ова интервју доби отказ.

Медиумската куќа во која работеше Хофман се извини на семејството, а семејството го прифати извинувањето.

Легендарниот Шумахер се здоби со тешки повреди по пад на скијањето на француските алпи, а од тогаш неговата здравствена состојба се чува во тајност и не се знае многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…