Одличниот Бразилец Нејмар доби фрактура на метатарзалната коска во натпреварот помеѓу ПСЖ и Марсеј во февруари..
Веста за неговата повреда тешко им падна на навивачите на ПСЖ кои тогаш се уште се надеваа дека ќе поминат во четвртфиналето од Лигата на Шампионите во дуелот со Реал. Загрижени се и Базилците кои започнаа да се плашат дека на Мундијалот во Русија би можеле да си одат без најголемата ѕвезда или дека Нејмар Светското првенство би можел да го дочека целосно неподготвен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нејмар беше опериран во родниот Бразил, а се претпоставуваше дека неговото закрепнување ќе биде за само 10 или 15 дена пред почетокот на Мундијалот, што би оставило многу малку време за воигрување и враќање, во каква-таква форма. Сепак, тренерот на ПСЖ денеска соопшти вест која би можело да ги израдува сите симпатизери на бразилската селекција.
Имено, Унаи Емери рече дека Нејмар уште сега е многу блиску до целосно опоравување и дека би можел да се врати на теренот и пред крајот на сезоната во француската Лига 1, пред средината на мај.