Дома Трансфер зона Емери може да доведе засилување од Реал Мадрид

Емери може да доведе засилување од Реал Мадрид

emery

Тренерот на Арсенал би сакал соработува со фудбалерот на Реал Мадрид.

Арсенал минатото лето го доведе Бернд Лено од Баер Леверкузен, Германецот добро бранеше на почетокот на сезоната, но во последно време не прикажува најдобри настапи.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Во Лига Купот шанса доби Чех, но ниту тој не се прослави, па Емери изгледа разгледува опција да доведе уште еден голман.

Имено, познато е дека Кејлор Навас на излезни врати од Реал Мадрид. Со доаѓањето на Тибо Куртоа, Костариканецот го изгуби местото помеѓу ставите и кај Солари е целосно исклучен од тимот.

Навас беше прв избор во сезоните во кои Реал освои три трофеи во Лигата на шампионите и запиша 141 настап во дресот на „кралевите“, а на 45 настапи успеа да ја сочува својата мрежа.

Сепак, Куртоа сега е прв избор и 32 годишниот Навас би можел да замине, а изгледа дека шанса би можел да добие во Премиер лигата.

Емери не е задоволен од изборот кој го има, па се надева дека за 14 милиони евра би можел да го доведе Кејлор Навас.

https://www.youtube.com/watch?v=OIv4EuGlnrY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …