Дома Македонски спорт Мак фудбал Елмас: Кога играм за Македонија секогаш сум максимално мотивиран

Елмас: Кога играм за Македонија секогаш сум максимално мотивиран

Македонската репрезентација после стартната победа во квалификациите против Малта, утре ја пречекува селекцијата на Фарски Острови во пријателски меч.

Елиф Елмас пред мечот истакна дека секогаш е посебно мотивиран кога игра за македонската репрезентација.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас, така ќе биде и утре со Фарски Острови. Јас за Македонија секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам моментно само за Македонија. Јас секогаш гледам и се трудам да го дадам максимумот“, изјави Елмас.

„Против Малта ни беше најважно да тргнеме со три бода и тоа го остваривме. Утре не чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го спроведеме тоа што ќе се договориме и тоа што ќе го бара селекторот од нас“, додаде „дијамантот“.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

РФМ по популарни цени ги пушти во продажба билетите за бараж натпреварот со Полска – средствата ќе се донираат за настраданите во пожарот во Кочани

Ракометната Федерација ги известува љубителите на ракометот дека сениорската селекција во …