Дома Трансфер зона Елиминацијата од ЛШ го отвори „случајот Икарди“, Реал спрема понуда

Елиминацијата од ЛШ го отвори „случајот Икарди“, Реал спрема понуда

Интер доживеа непријатна елиминација во групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа повторно го отвори „случајот Икарди“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медуми пренесуваат дека Реал Мадрид спрема нова офанзива за потписот на аргентинскиот напаѓач.

„АС“ пренесува дека на Икарди веќе му станало јасно дека Интер не може да цели кон европскиот врв, па не е сигурен дали да стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“.

Таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид, кој од поодамна покажува сериозен интерес за Аргентинецот, а сега наводно е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра.

Наводно од „кралскиот“ клуб се спремни да му понудат и многу повисока плата од актуелната, па на Интер ќе му биде тешко да го задржи 25-годишниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…