Еден од најпознатите новинари за трансфери во светот на фудбалот, Фабрицио Романо тврди дека во овој момент голем број фудбалери не сакаат да потпишат за Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ливерпул има големи проблеми со повредите, посебно во одбраната каде што останаа без Вирџил Ван Дајк до крајот на сезоната, а повредени се уште Џо Гомез и Жоел Матип.
Клоп бара замени, но Романо тврди дека играчите не сакаат да одат во Ливерпул во овој момент затоа што сметаат дека ќе бидат резерви кога повредените ќе се вратат.
„Многу фудбалери не сакаат да дојдат во Ливерпул. Мислат дека ќе играат 5-6 натпревари и ќе бидат резерви кога повредените ќе се вратат. Затоа во Ливерпул имаат став: Во ред, ако можеме да доведеме ќе доведеме некого, ако не ќе се служиме со тоа што имаме“, изјави Романо.