Ако може да се донесе заклучок на основа на последниот список, како и изјавата на Сампаоли, на Мундијалот нема да отпатува Паоло Дибала.
Напаѓачот на Јувентус и покрај фантастичната сезона и големиот потенцијал, никако да се избори за статус во репрезентацијата на Аргентина, а за тоа е „виновен“ ниту помалку ниту повеќе, туку Лео Меси.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Поточно, единствениот грев на Дибала е што игра на истата позиција како и асот на Барселона, па кога би се споиле во државниот тим некој би морал да „виси“. А познато е дека Лео не е за на клупа.
И самиот Дибала, пред неколку месеци, кога Сампаоли го прескокна по пласманот на СП, јавно проговори за таа тема.
„Тешко ми е да играм со Меси. Дејствуваме на иста позиција. Се обидувам да му оставам што е можно повеќе простор, но не е лесно“, се пожали Паоло.
А во пресрет на мечот помеѓу Аргентина и Шпанија во Мадрид, капитенот уверува дека „десетката“ на Јувентус ја кажал целата вистина.
„Зборувавме на таа тема и можам да ви кажам дека Дибала е во право. Тој во Јувентус игра на истата позиција, како и јас во Барселона. Кога сум во репрезентацијата, тогаш тој мора да се премести на левата страна во нападот. Не му е лесно. Тешко ни е на обајцата да играме на тој начин, бидејќи кога сме десно, тогаш ја пресекуваме средината и го имаме целиот терен пред себе. На левата страна тоа не е случај“, објасни Меси.